Принцот Џорџ во воен авион со мајка му Кејт Мидлтон- принцезата сподели емотивна снимка (ВИДЕО)

27.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Џорџ во воен авион со мајка му Кејт Мидлтон- принцезата сподели емотивна снимка (ВИДЕО)

Видеото го прикажува идниот британски крал како ја придружува својата мајка на посетата на RAF Coningsby во Линколншир, каде што дознале за работата на персоналот на Кралските воздухопловни сили и разгледале историски воени авиони.

Џорџ, кој следниот месец ќе наполни 13 години, имал можност да седне во пилотската кабина на авион од Меморијалната ескадрила на Битката за Британија за време на неговата посета на воздухопловната база.

Младиот принц разговарал со пилоти и инженери и одблизу ги погледнал историските воени авиони.

Видеото, кое е објавено на Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс, го прикажува Џорџ како речиси ја достигнува висината на неговата мајка Кејт, која е висока околу 175 сантиметри.

„Го одбележуваме Денот на вооружените сили со потсетување на нашето време со Меморијалната ескадрила на Битката за Британија во RAF Конингсби. Дознавме за извонредната историја на овие авиони и разговаравме со пилотите и инженерите кои го чуваат нивното наследство. Тоа е моќен потсетник за храброста, вештината и посветеноста на сите што служеле и служат на нашата земја денес. Ви благодариме на сите што служеле и продолжувате да служите“, се вели во објавата.

Кејт Мидлтон, која е почесен командант на Кралските воздухопловни сили на RAF Конингсби од август 2023 година, му ја покажа на својот син базата во Линколншир и го запозна со работата на Кралските воздухопловни сили за време на посетата.

Посетата се одржа пред две недели, но снимката е објавена дури сега за да се совпадне со Денот на вооружените сили.

Посетата е дел од постепеното запознавање на Џорџ со британската војска, од која еден ден ќе стане врховен командант како крал.

Принцот Вилијам им кажа на членовите на Кралските воздухопловни сили минатата година дека неговиот најстар син е „иден пилот“.

Според британските медиуми, Џорџ веќе зема приватни часови по летање на аеродромот Вајт Волтам. Тој претходно ги посетил базите на RAF со својата сестра Шарлот и братот Луис, а во 2023 година присуствувал на Кралскиот меѓународен воздушен шоу со своето семејство.

Ова не е прв пат принцезата од Велс да биде видена во борбен авион. Минатата година таа седеше во пилотската кабина на целосно вооружен борбен авион „Тајфун“, чија вредност се проценува на околу 100 милиони фунти.

Облечена во елегантен светло сив костум, Кејт потоа ја обиколи базата и дозна за задачите што ги извршува во рамките на Кралските воздухопловни сили. За време на нејзината прва посета во 2023 година, таа се обиде и во симулатор за летање, каде што дури успешно изведе и акробатски маневар познат како „јамка“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата