Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во Париз

16.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во Париз

Мегапопуларната Џеј Ло беше специјална гостинка на големиот концерт на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, каде што имаше неверојатен настап пред околу 80.000 луѓе.

Таа се појави на сцената за време на првиот настап од серијата „Ultimate Monolith Show“, што предизвика големо воодушевување кај публиката. Со Гета, таа ја изведе заедничката песна „Save Me Tonight“, која беше објавена претходно годинаВА и веќе стекна огромна популарност.

По заедничкиот настап, таа го изведе и својот познат хит „On The Floor“, додека публиката пееше заедно со неа и го следеше секое нејзино движење. Целиот спектакл беше заокружен со ласерски ефекти, сценска продукција и огномет.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата