Авионот на „Сеперан ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром во Дубаи во 13:39 часот по локално време, објави веб-страницата на аеродромот, пренесе Си-Ен-Ен, додавајќи дека друг лет од Дубаи до Техеран е закажан за подоцна денес.
ОАЕ е земја од Персискиот Залив која претрпе најтешки ирански напади за време на војната меѓу САД и Израел против Иран, при што Техеран испука речиси 2.000 ракети и беспилотни летала кон ОАЕ, насочени кон воени, енергетски и цивилни објекти.
Односите меѓу Иран и ОАЕ, близок сојузник на САД со силни врски со Израел, останаа напнати дури и откако Вашингтон и Техеран постигнаа договор за прекин на огнот во април.
Еден од најголемите трговски партнери на Иран пред војната, ОАЕ зазеде построг став кон Иран по иранските напади, прекинувајќи ги економските и културните врски.
Сепак, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, минатата недела разговараше по телефон со својот колега од ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед, за прв пат од почетокот на војната.
Извор: Б92

