Цените на нафтата со значителен пад, на најниско ниво во последните два месеци

12.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цените на нафтата со значителен пад, на најниско ниво во последните два месеци

Цените на нафтата забележаа значителен пад и се спуштија на најниско ниво во последните два месеци, откако пазарите реагираа на можноста за дипломатско решение на конфликтот на Блискиот Исток.

Според „Ројтерс“, падот на цените на нафтата беше проследен и со намалување на вредноста на доларот и приносите на обврзниците, што ги ублажи стравувањата од дополнителен раст на инфлацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека договор со Иран би можел да биде постигнат уште овој викенд. Тој посочи дека разговорите со Техеран се на високо ниво и дека постои поддршка од повеќе регионални фактори.

Изјавите за можен договор предизвикаа позитивни реакции на финансиските пазари, иако претходните најави за напредок не доведоа до конкретен резултат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата