Планиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена жена

9.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Планиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена жена

Исто така, ФСБ уапси 25-годишна руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби.

Според ФСБ, осомничената била регрутирана од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки податоци и да утврдува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се искористат за изведување напади, пренесе „Спутник“.

Руската служба изјави дека украинскиот оперативец бил во романтична врска со неа и ѝ ветил продолжување на врската во Украина по завршувањето на задачите. Според соопштението, во март 2026 година, жената изнајмила стан во Москва, каде што инсталирала камери за пренесување сигнали до Украина за следење на движењата на воениот персонал.

Според ФСБ, таа ги подготвила условите за престој на непосредниот извршител на нападот во истиот стан. ФСБ тврди дека било планирано извршителот да пристигне во Москва откако осомничената ќе ја напушти Русија и ќе замине за Украина преку Турција и Молдавија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата