Договорот беше потпишан на самитот ЕУ-Јужна Кореја во Брисел, прв по три години, во време на зголемена геополитичка неизвесност предизвикана од трговски спорови, ограничувања на извозот и воени конфликти во Украина и Блискиот Исток, објави Ројтерс.
Договорот за дигитална трговија го надополнува постојниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Јужна Кореја, кој стапи на сила во 2011 година.
Новиот договор предвидува олеснување на прекуграничниот проток на податоци, меѓусебно признавање на електронските договори и електронските потписи, како и воспоставување заеднички правила за заштита на потрошувачите во дигиталната средина.

