Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Борел: НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател

12 февруари 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

- Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи, рече Борел. Да бидеме сериозни, НАТО не може да биде воен сојуз „по избор“ ниту да зависи од расположението на американскиот претседател, додаде тој.

- Не може еден ден да биде „да“, а друг ден „извинете, кој бевте вие“. Да бидеме сериозни! НАТО или постои или не. Нема да губам време коментирајќи ја секоја глупава идеја што може да се слушне во оваа кампања, рече Борел мислејќи на кампањата за претседателските избори во САД.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ