Иако мечот се игра во Канзас (03.00 часот), сепак има(ло) и тоа како фанови на Аргентина и Алжир во Њујорк.
Па така навивачи на Аргентина и Алжир се степаа на Тајмс Сквер пред натпреварот што двата тима ќе го играат во првото коло од Групата Ј. Скандалите продолжија и за време на Светското првенство, од кои некои беа вина на организаторите, а некои на навивачите на другите земји учеснички.
Аргентина и Алжир ќе имаат чест да ја отворат Групата Ј во три часот по полноќ по наше време, а пред натпреварот меѓу двата тима, на Тајмс Сквер во Њујорк избувна тепачка. Навивачите на африканската и јужноамериканската репрезентација се судрија, тупаници, клоци и предмети, пред конечно да се смири ситуацијата.
Нема сомнение дека стадионот во Канзас Сити, каде што се игра натпреварот, ќе биде пеколен во еден од поинтересните натпревари од првото коло на Светското првенство.
🚨 WORLD CUP 2026! 🤯
BIG fight between Argentinians and Algerians in Times Square ahead of their match today. 🇦🇷🇩🇿
🎥 @Tarik_Talk pic.twitter.com/8rn79gzN12
— Polymarket FC (@PolymarketFC) June 16, 2026

