Ван Бронкхорст од помошник на Слот до прв тренер на Феенорд

17.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ван Бронкхорст од помошник на Слот до прв тренер на Феенорд
фото: TRT Spor (X)

Холандскиот фудбалски гигант Феенорд го објави назначувањето на Џовани ван Бронкхорст за нов тренер на првиот тим. 51-годишниот специјалист потпиша двегодишен договор со можност за продолжување за уште една година.

Феенорд претходно го отпушти Робин ван Перси. Под негово водство, тимот заврши на второто место во Ередивизие лигата во сезоната 2025/26, 19 бода зад ПСВ.

Ван Бронкхорст играше за Феенорд на почетокот и на крајот од својата кариера, а го тренираше тимот и од 2015 до 2019 година. Неговата последна позиција беше помошник тренер во Ливерпул, од каде замина заедно со отпуштениот Арне Слот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата