Укинување на суспензијата на Балогун не е прва на Мундијалите, за првпат преседан е направен во 1962!

6.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Укинување на суспензијата на Балогун не е прва на Мундијалите, за првпат преседан е направен во 1962!
ФОТО:.facebook.com/ElPulsoDelFutbolFans

Иако ФИФА предизвика скандал со поништувањето на автоматската забрана за американскиот напаѓач Фоларин Балогун по телефонскиот повик од Доналд Трамп, ова не е прв преседан во историјата на Светските првенства. На СП во Чиле во 1962 година, кое го освои Бразил, на ѕвезденото крило на „Селесао“, Гаринча, исто така му беше дозволено да игра во финалето, и покрај тоа што претходно беше исклучен во полуфиналето.

Граринча, стрелец на два гола против чилеанската репрезентација во полуфиналето, беше исклучен по тепачка со противничкиот играч. Иако беше суспендиран за финалето против тогашна Чехословачка, на крајот му беше дозволено да игра по притисокот зад сцената од бразилскиот премиер Танкредо Невес врз ФИФА. Тој го искористи своето влијание и моќ за да ја поддржи бразилската федерација кај членовите на ФИФА и чилеанските власти. Прекршокот на Бразилецот, иако беше виден и забележан од помошниот судија, на крајот не беше евидентиран во извештајот на перуанскиот судија за натпреварот.

Гаринча доби само опомена од комитетот на ФИФА што се состана утрово во 11 часот за да го испита случајот со исклучувањата на играчите за време на натпреварот Бразил-Чиле“, пренесе бразилскиот весник „Естадао“ на 15 јуни 1962 година.
„Ланда од Чиле, од своја страна, беше суспендиран за еден натпревар и затоа нема да може да учествува во натпреварот против Југославија (за 3-то место, ур.). Сер Стенли Раус, претседателот на ФИФА, изјави дека Гаринча добил само опомена, бидејќи прекршокот што го направил се случил за време на борбата за топката со Рохас.“ дополни бразилскиот весник.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата