Турција на нозе: Фудбалерите фатени како пушат, некои тврдат дека е марихуана! (ВИДЕО)

13.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турција на нозе: Фудбалерите фатени како пушат, некои тврдат дека е марихуана! (ВИДЕО)

Денеска на социјалните мрежи се појави видео кое ги загрижи сите навивачи на турската фудбалска репрезентација пред нивниот прв натпревар на Светското првенство.

Турција се подготвува за својот прв натпревар на Светското првенство против Австралија, но, атмосферата беше нарушена од видео на кое се гледаат тројца турски репрезентативци како пушат на балконот од хотелот каде што престојувале.

Според ова видео и извештаите, Чаглар Сојунџу и уште двајца репрезентативци, кои не можат јасно да се идентификуваат, наводно биле фатени како пушат.

Некои тврдат дека станува збор за џоинт, додека други велат дека станува збор за обични цигари. Ова ги разбесни турските навивачи, па многумина веќе почнаа независно да го истражуваат целиот случај, барајќи итно исклучување на лицата кои ги кршат правилата на Турската фудбалска асоцијација.

„Не заслужувате да бидете дел од тимот“, „Сепак сте губитници“, „Ова е штета, дали треба да ги преболиме овие работи?“, се дел од коментарите на навивачите.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата