Шокантно: Роберто Мартинез нема веќе да биде селектор на Португалија?!

16.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шокантно: Роберто Мартинез нема веќе да биде селектор на Португалија?!
ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL/

Шокантни вести пренесуваат повеќе европски медиуми. Селекторот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез, донел одлука да се повлече од клупата на таа репрезентација по завршувањето на Светското првенство. Шпанскиот стручњак, кој ја презеде Португалија со големи очекувања и внесе нова енергија во тимот предводен од ѕвезди како Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш, наводно веќе ја информирал Федерацијата за својата одлука да не го продолжува проектот по Светското првенство. Тој пристигна во Португалија со цел да направи пробив на најголемата сцена, а според овие информации, Светското првенство ќе биде неговата последна станица на клупата на една од најсилните европски селекции.
Официјалната потврда сè уште не е пристигната, но оваа вест веќе одекнуе низ фудбалска Европа и го поставува прашањето кој би можел да го наследи шпанскиот селектор на клупата на Португалија по Светското првенство.

Португалците моментално се на Светското првенство, чекајќи го својот прв натпревар, а тој е закажан за утре во 19:00 часот, кога ќе се соочат со ДР Конго.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата