Секоја чест: Веќе 44 години никој ништо не им може во групната фаза на Светските првенства

27.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Секоја чест: Веќе 44 години никој ништо не им може во групната фаза на Светските првенства
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Уште еден доказ што значи Бразил во светскиот фудбал, посебно откако и на ова СП заврши како прв во групната фаза, односно го освои првото место во групата.Најголемите фаворити честопати доживуваат неочекувани падови, губат од аутсајдери или дури го завршуваат натпреварувањето по групната фаза.
Сепак, една селекција ја побива таа традиција повеќе од четири децении.
Без оглед на промените на генерациите, промените на тренерите или сè посилната конкуренција, нејзиниот настап во првиот дел од турнирот остана речиси беспрекорен.

Последниот пат кога не заврши како најдобра во својата група се случи во далечната 1978 година, кога на СП во Аргентина беа втори во групата. Но затоа од СП 1982 во Шпанија па наваму, значи 44 години секогаш се први, се разбира, зборуваме за бразилската репрезентација. Од Светското првенство во Шпанија, Селесао заврши на првото место во секој следен настап во групната фаза, без оглед на тоа со кого беа во групата.
Ниедна друга репрезентација не успеа да постигне таков континуитет.
Во меѓувреме, светските шампиони како Германија, Франција, Италија и Шпанија доживеаа големи разочарувања, вклучително и испаѓање по првата фаза од натпреварувањето.
Бразилците, од друга страна, речиси по правило успеваа да се пласираат во нокаут – фазата без поголеми проблеми.
Оваа статистика добива дополнително значење кога се знае дека Бразил е единствената репрезентација што играла на секое издание на Светското првенство. Од првото Светско првенство во 1930 година до денес, тие не пропуштиле ниту еден турнир.
Затоа многумина веруваат дека континуитетот најдобро ја опишува големината на бразилската репрезентација.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата