Роналдо не се врати во Португалија со своите соиграчи (ВИДЕО)

9.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо не се врати во Португалија со своите соиграчи (ВИДЕО)
фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X)

Кристијано Ронладо, капитен на португалската репрезентација и нејзин рекордер по број на настапи и голови, не се врати во Лисабон со своите соиграчи. Роналдо, откако Шпанија ја елиминираше Португалија од Светското првенство во осминафиналето, пристигна во својата татковина со приватен авион. Според „Марка“, Роналдо бил многу пријателски расположен со персоналот на аеродромот. Тој се збогувал со сите вработени на аеродромот.

Легендарниот португалски напаѓач беше критикуван на ова Светско првенство. Португалија има силен тим со неколку играчи од светска класа. Но, многумина го критикуваа нејзиниот капитен дека не се вклопил во тимот и не придонел за него колку што треба.

Ова беше шести настап на Роналдо на Светското првенство, по 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година. Во групната фаза на овогодинешниот турнир, тој стана првиот играч во историјата што постигнал гол на шест различни Светски првенства, постигнувајќи гол против Узбекистан.

Тој постигна два гола во тој натпревар, а потоа реализираше пенал против Хрватска во осминафиналето, што беше неговиот прв гол во нокаут фазата на Светското првенство. Така, тој го заврши овогодинешниот турнир со три гола. Роналдо има 27 настапи на Светските првенства, бројка надмината само од Лионел Меси, кој има 30. Во тие 27 настапи, Португалецот постигна 11 гола и имаше две асистенции.

Тој одигра вкупно 233 натпревари за Португалија, постигнувајќи 146 гола и асистирајќи за 46 гола. Тој беше европски шампион во 2016 година со репрезентацијата, а исто така освои и две Лиги на нации.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата