Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

26.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт.

Тој во последен момент ја смени одлуката и не потпишува за Интер, туку од синоќа е во Лондон и станува нов играч на Челзи.

„Сините“ одлучија да и платат на Аталанта, неговиот досегашен клуб, 57 милиони евра, плус три милиони евра во вид на бонуси за да го доведат десниот бек на Стемфорд Бриџ. Аталанта добива и 10% од следниот трансфер на Палестра.

Палестра интересно изминатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Каљари каде што имаше импресивни партии и беше прогласуван за најдобар дефанзивец и сврстуван во тимот на сезоната.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата