Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

30.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција
ФОТО:facebook.com/Inter

Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција.

Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело Спорт“, во кој се наведува дека Бастони наскоро ќе биде испрашуван. Тој е обвинет за врска со 17-годишно девојче како дел од обемна истрага против синџир на малолетничка проституција во поширокото подрачје на Милано.

Локалното обвинителство истражува обвинувања за организирано подведување, а играчот на Интер, чија пазарна вредност е 65 милиони евра и кој до неодамна беше прва цел на Барселона, се чини дека бил тој што ги користел нивните услуги.

Неодамна, АНСА ги објави имињата на учесниците во скандалот со организираниот синџир на проституција и други нелегални активности. Меѓу нив беа Рафаел Леао, Душан Влаховиќ, Оливие Жиру, Ахраф Хакими, Дин Хујсен, Даниел Малдини, Артур Мело и многу други.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата