“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)

11.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Аргентина на ова СП влегува како актуелен светски првак, но и како еден од фаворитите за трофејот. Јасно е дека ова за Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња ќе биде последен танц. Меси ја освои својата прва титула во Катар 2022 и нема да биде под притисок, но ќе биде четири години повозрасен.

Аргентина има сила, има квалитет и знае како треба до титулата.

Кога сме кај “гаучосите“ да се потсетиме малку на тоа епско финале од минатиот шампионат во Катар.

Во регуларниот дел на “Лусаил“ беше 2:2 со голвите на Меси и Ди Марија, како и двата од пенал на Мбапе. Во продолженијата погодија Меси и Мбапе уште по еднаш за конечни 3:3.

Следуваа пеналите таа историска и епска пенал – серија во која Аргентина беше подобра, а решавачкиот гол беше дело на Монтиел.

И потоа ЛУДИЛО!!!

Следуваше еуфорична прослава низ цела Аргентина, Меси конечно среќен и конечно светски првак, ги видовме солзите на Скалони и големата тага на Мбапе.

Потоа се беше историја.

Аргентина светски првак во 1978 со Марио Кемпес, Аргентина светски 1986 со Диего Марадона, и Аргентина светски првак 2022 со Лео Меси.

Со денови, недели и месеци траеше славјето со неизбежната химна на фановите – Muchachos“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата