Кукуреља го води Челзи кон Лигата на шампионите

16.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кукуреља го води Челзи кон Лигата на шампионите
фото: Manchester United (X)

Фудбалерите на Челзи се многу блиску до пласман во Лигата на шампионите, бидејќи го добија дербито од 37-то коло од Премиер лигата на „Стемфорд Бриџ“ против Манчестер Јунајтед со 1:0. Моментот на одлука беше 71. минута, кога благодарение на голот на Марк Кукуреља „сините“ дојдоа до предност, која на крајот им донесе големи три бода.

Овој пораз за Манчестер Јунајтед не менува многу во однос на пласманот, но го расипува расположението на тимот на Аморим пред патувањето во Билбао во финалето на Лигата на Европа против Тотенхем.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата