Јаја Туре е нов тренер на новиот шампион на Словачка

13.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јаја Туре е нов тренер на новиот шампион на Словачка
фото: ŠK Slovan Bratislava (X)

Поранешниот фудбалер на Барселона, Манчестер Сити и Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре, е назначен за нов тренер на словачкиот гигант, Слован Братислава. Назначувањето и официјално беше потврдено денеска.

Стратегот потпиша тригодишен договор со словачкиот тим.

Туре претходно работеше во академијата на Тотенхем, а беше и помошник тренер во Стандард Лиеж во Белгија и во репрезентацијата на Саудиска Арабија.

На крајот од сезоната 2025/2026, Слован стана шампион на Словачка. 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата