Иран за милиметри не успеа: Египет и Белгија одат во нокаут-фазата (ВИДЕО)

27.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран за милиметри не успеа: Египет и Белгија одат во нокаут-фазата (ВИДЕО)
фото: Everardo Herrera @alpiedeldeporte (X)

Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет директно се квалификуваа од групата Г во нокаут-фазтаа, додека селекцијата на Иран ќе го чека исходот со три нерешени резултати за да се пласира понатаму како една од најдобрите третопласирани репрезентации.

Египет и Иран ги поделија бодовите, играјќи 1:1, па африканската селекција обезбеди директен пласман понатаму, додека азиската репрезентација ќе почека до крајот на групната фаза на Светското првенство.

Од друга страна, Белгија го декласираше Нов Зеланд со 5:1 и со тоа се пласираше од првата позиција во нокаут фазата.

Натпреварот во Сиетл меѓу Египет и Иран започна добро за африканската репрезентација, која поведе во петтата минута преку Махмуд Сабер, а шест минути подоцна беше досуден пенал за Иран, но Мехди Тареми го промаши.

Сепак, во 14-тата минута, Рамин Резаејан израмни за Иран, кој успеа да постигне уште еден гол пред крајот на натпреварот, во 93-тата минута, но сепак, неговиот гол беше поништен поради минимален офсајд, па резултатот остана 1:1.

Во вториот натпревар од оваа група, Белгија го декласираше Нов Зеланд со резултат од 5:1, а Леандро Тросард, Кевин де Брујне, Ромелу Лукаку и Алексис Салемакерс (два гола) ја донесоа победата за „Црвените ѓаволи“. Елија Џаст постигна гол за Нов Зеланд.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата