Денеска на Мундијалот: Да го видиме и тој Бразил на Дон Карло!

13.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска на Мундијалот: Да го видиме и тој Бразил на Дон Карло!
ФОТО:.facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/

Некогаш, ама некогаш. за сите вистински фудбалски фанови во светот Мундијалот почнуваше со првиот настап на Бразил. Пеле, Зико, вистинскиот Роналдо и уште десетици и десетици други мега – ѕвезди се прашуваа за тоа кој е кој во светот на фудбалот.

Денеска некои работи се променија. Сега Бразил не е меѓу топ – фаворитите, а овој Бразил имаше проблеми со повреди и неколку значајни имиња ќе ги нема на Мундијалот.

Сепак, сепак ова е Бразил и тоа под водство на Карло Анчелоти. Бразил без Нејмар, барем на овој меч, тргнува во поход на шестата титула против Мароко, во дербито на денот, и со победа ќе сака да се “покаже“, но да не заборавиме дека на другата страна ќе ги има Хакими и компанија кои на СП во Катар беа во полуфиналето. Јасно е дека тоа ќе биде спектакл со почеток точно на полноќ.

Ќе се “загрееме“ со мечт Катар – Швајцарија, а од 03 часот на програмата е дуелот Хаити – Шкотска. Секако дека не треба да се пропушти дуелот меѓу Австралија и Турција кој започнува во пристојно време од 06 часот. Посебно интересно ќе биде да ја видиме вистинската сила на Турците, предводени од Ѓулер и Јилдиз, како и од селекторот Монтела.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ГРУПА Б

САНТА КЛАРА – 21.00 Ч

Катар – Швајцарија

ГРУПА Ц

ИСТ РАДЕРФОРД – 00.00 Ч

Бразил – Мароко

ГРУПА Ц

ФОКСБОРО – 03.00 Ч

Хаити – Шкотска

ГРУПА Д

ВАНКУВЕР – 06.00 Ч

Австралија – Турција


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата