Флорентино Перез со сите сили се обидуваше да го доведе францускиот напаѓач Мајкл Олисе во Реал Мадрид. Се споменуваа огромни бројки, дури и рекорди за светот на фудбалот, но ништо нема да се случи во врска со тој трансфер.
“Кралевите“ добија јасен сигнал дека трансферот на Олисе ова лето е невозможен. Затоа, барем за една година, решија да почекаат со неговиот трансфер и ги фрлија сите карти на друг играч- Енцо Фернандез.
Жозе Мурињо верува дека во овој момент во тимот е многу поважно да се донесе врвен играч од средниот ред. Фернандез е негов избор и сега Кралевите ќе тргнат по него.
„Реал Мадрид го префрли целиот фокус на Енцо Фернандез. Тој е избран“, е пораката на извори блиски до кралскиот клуб.
Трансферот не би требало да биде проблем. Аргентинецот сака да оди на “Бернабеу“, Челзи е подготвен да го пушти за 120 милиони фунти, односно 140 милиони евра. Во случај договорот да заврши на оваа бројка, тоа ќе биде најскапиот трансфер во историјата на кралскиот клуб. Сè води кон тоа да се случи.

