По се она што се случи на мечот Аргентина – Бразил, кој заврши со победа од 4:1 на светскиот првак, нова пикантерија доаѓа од Јужна Америка, па и од Шпанија.
Имено сите аргентински интернационалци во Атлетико Мадрид, воедно и репрезентативци на оваа земја, го убедуваат Енцо Фернандез да им се придружи и да дојде на “Метрополитано“. На таа средба на „Монументал“ во Буенос Аирес, играчот за врска на Челзи просто блескаше и докажа дека е еден од најдобрите играчи во светот на таа позиција во средниот ред.
Токму затоа тимот на Диего Симеоне со Енцо и тоа како би бил уште поквалитетен.
Тоа го знаат Хулиан Алварез, Науел Молина, Родриго Де Пол, Анхел Кореа и Џулијано Симеоне, па затоа од Фернандез бараат тој да дојде во Мадрид.