Вилјареал победнички на гостувањето кај Гетафе!

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вилјареал победнички на гостувањето кај Гетафе!

Попладнево во меч од 29.коло во Ла Лига, Вилјареал како гостин успеа да слави кај Гетафе со 1:2 и да освои екстра значајни три бода во битката за висок пласман во елитната шпанска лига.

А. Перез во 15.минута донесе водство на гостите за 0:1, но во 29.минута К. Перез израмни на 1:1.

Победничкиот гол за големи три бода како што веќе рековме, беше дело на Бери во 33.минута. Ретко кој претпоставуваше дека овој гол ќе биде последен на овој меч.

Со овие три бода Вилјареал сега има 47 и се наоѓа на 5.место на табелата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата