Арсенал е подготвен да потпише нови договори со клучното трио

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал е подготвен да потпише нови договори со клучното трио
Фото: ФЦ Арсенал/Твитер

Арсенал размислува за продолжување на договорите со тројца клучни играчи во тимот на Микел Артета. Крилниот напаѓач е Букајо Сака и дефанзивците Габриел Магаљаес и Вилијам Салиба, пишува Сан.

Договорите на сите тројца истекуваат во 2027 година, но тие важат за клучни играчи во проектот на „топчиите“ и управата брза да ги врзува на подолг период, надевајќи се дека ќе го одбијат интересот од другите клубови.

Всушност, Арсенал е подготвен да започне разговори со овие играчи во моментов. Единствената причина што тоа не се случи досега е тоа што клубот сака да го задржи вниманието пред клучната пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Според информациите од клубот, преговорите со Сака се очекува да бидат само формалност и играчот без многу размислување е подготвен повторно да потпише.

Меѓутоа, тоа не е случај со Габриел и Салиба. За двајцата постои интерес од други клубови, кои ги одмеруваат и тоа може да влијае на идните преговори. Бразилецот е баран од Саудиска Ал-Наср, додека Французинот е на мета на Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата