Арбелоа од Реал седна на клупата на Фулам

8.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арбелоа од Реал седна на клупата на Фулам

Англискиот премиерлигаш Фулам го објави назначувањето на Алваро Арбелоа за нов тренер на тимот. Поранешниот тренер на Реал Мадрид потпиша договор до 2029 година.

„Огромна чест ми е да ја започнам оваа нова фаза од мојата кариера во Фулам, најстариот фудбалски клуб во Лондон. Чувствувам голема одговорност и искрено им се заблагодарувам на г-дин Кан и Тони Кан за довербата што ми ја укажаа со тоа што ме поканија да го водам Фулам во Премиер лигата. Со нетрпение очекувам да ја доживеам атмосферата во „Крејвен Котиџ“ со навивачите на Фулам и да ги започнам предсезонските тренинзи со тимот следната недела. Сигурен сум дека ќе имаме неверојатно патување заедно“, рече Арбелоа.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата