Како што соопшти косовското Претседателство, Османи на средбата со Главчев истакнала дека Бугарија е непоколеблив поддржувач на Косово во нејзините напори за зачленување во меѓународните организации.
-Во овој контекст се разговараше и за аспирациите на Косово за членство во НАТО и за континуираната поддршка од нашите бугарски партнери, се вели во соопштението.
Според Османи, „меѓу двете држави постои силно партнерство и заедничка посветеност на регионалната стабилност и безбедност“./МИА