Сопругата случајно му фрлила 3,5 милиони евра во ѓубре: Срцето ми застана

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата случајно му фрлила 3,5 милиони евра во ѓубре: Срцето ми застана

Сѐ започнало кога Ели Харт решила да ја исчисти куќата и наишла на USB стик. Бил во фиока со стари сметки и испразнети батерии, па го фрлила со другото ѓубре.

„Ми се слоши за миг“

„Претпоставував дека е стар USB од моите школски денови, па не размислував многу за тоа“, рече таа.

Неколку дена подоцна, сопругот Том не можел да го најде малиот стик и ја прашал Ели дали го видела. Потоа настанала општа паника.

„Штом ми го постави прашањето, се замрзнав. Веднаш ми беше јасно. Срцето ми застана. Му реков: Мислам дека го фрлив. Веднаш ми се слоши“, рекла сопругата.

Сега немаат ништо

Сопружниците веднаш ги пребарале фрлените кеси за ѓубре, надевајќи се дека УСБ-то сè уште не е оденсено, пишува Дејли Стар.

„Имаше надеж, но длабоко во себе знаев дека е предоцна“, додаде Ели, опишувајќи ја нејзината грешка како „најлошата што некогаш ја направила“.

Нејзиниот сопруг купил биткоини пред 12 години, кога криптовалутата имала многу помала вредност. Дигиталното богатство го чувал на УСБ, но без него немал ништо.

„Тишината зборуваше сè“

„Том не викаше, не ме обвинуваше, но тишината кажа сѐ. Тие пари беа нашата иднина, куќата, патувањата, сè, а јас ги фрлив во ѓубре“, заклучила жената.

Таа признава дека е тешко да преболи сѐ и дека би направила сѐ за да го врати времето.

„Никогаш не мислев дека нешто толку вредно може да изгледа толку обично. Ако чувате пари или нешто важно на USB, ве молиме означете го, не правете ја истата грешка што ја направив“, порача Ели.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата