Овие европски метрополи имаат највисоки трошоци за основна храна: Во три града е ужасно скапо!

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овие европски метрополи имаат највисоки трошоци за основна храна: Во три града е ужасно скапо!

Неделното пазарење е неопходен трошок за сите нас, но цените во европските градови драстично се разликуваат. Најновиот „Grocery Index“, објавен од Истражувачкиот институт на Дојче банка, открива каде храната е најскапа – а каде е најисплатливо да се наполни кошничката во 2025 година.

Врз основа на податоците од платформата „Numbeo“, индексот ги споредува трошоците за основни прехранбени производи како млеко, леб, јајца, овошје и месо во градовите ширум светот, користејќи го Њујорк како основа за споредба со индекс од 100. Индексот не ја зема предвид куповната моќ, што е важно при толкувањето на податоците, пишува Блиц.

Можеби ќе ве интересира: Топ-листа на 25 најубави градови во светот

Најскапи: Швајцарските метрополи

Женева е најскапиот град во светот кога станува збор за храна – индексот изнесува 106, што значи дека цените се за 6% повисоки отколку во Њујорк. Веднаш зад неа е Цирих со индекс од 103. Тоа се единствените два европски града чии цени ја надминуваат американската метропола.

За споредба: кошничка што чини 100 евра во Њујорк, во Женева чини 106 евра.

Други скапи градови: Осло, Париз, Луксембург

Иако се поевтини од швајцарските градови, Осло (78), Париз (71) и Луксембург (66) се вбројуваат меѓу најскапите градови за купување во Европа. Од сите нив, Париз особено се истакнува – цените таму се 54% повисоки од оние во Мадрид, 39% повисоки од Рим и 29% повисоки од Берлин.

Градови со среден ценовен ранг

Поголемиот дел од европските метрополи спаѓаат во средна група со индекс меѓу 58 и 63: Хелсинки, Виена, Копенхаген, Милано, Лондон, Брисел, Единбург, Франкфурт, Даблин, Амстердам, Минхен и Стокхолм.

Можеби ќе ве интересира: Топ-листа од најпреценети градови во светот

Најповолни градови: Будимпешта и Варшава

На дното на листата се Будимпешта и Варшава, со индекс од 37 – што значи дека основните прехранбени производи таму се дури 63% поевтини отколку во Њујорк. Потоа следуваат Истанбул (39), Прага (42), Лисабон (44), Атина и Мадрид (46), Барселона (49), Рим (51), Бирмингем (51) и Берлин (55).

Интересно е што дури и во рамките на иста држава, цените значително се разликуваат – на пример, Лондон има индекс 62, додека во Бирмингем е само 51.

Можеби ќе ве интересира: Топ листа на најнегостољубивите градови во светот

Вкупни трошоци: Париз најскап меѓу големите економии

Според податоците од веб-страницата „Numbeo“ од јули 2025 година, за 19 основни производи вкупната цена изнесува:

– Париз: 107,20 евра

– Лондон: 89,54 евра

– Берлин: 82,10 евра

– Рим: 79,60 евра

– Мадрид: 72,70 евра

Истражувањето потврдува дека Париз е најскап главен град меѓу петте водечки економии во Европа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата