Тоа е речиси двојно повеќе од претходната година, кога системот беше во пробна фаза. Цената на билетот изнесуваше од 5 до 10 евра, во зависност од тоа кога бил купен – порано резервираните билети беа поевтини, додека оние кои купувале во последен момент плаќале поскапо. Наплатата се вршеше 54 дена, главно за време на празници и викенди од април до јули, и тоа во периодот од 8:30 до 16 часот.
Можеби ќе ве интересира: Жителите на Венеција бесни: Градот ни го окупираа сиромашни туристи кои не знаат ни каде дошле, ништо не трошат
Оние кои се обиделе да влезат без карта ризикувале казни до 300 евра. Досега се изречени повеќе од 2.500 парични казни. Сепак, локалното население, децата и туристите кои преноќуваат во Венеција беа ослободени од таксата бидејќи веќе плаќаат престојна такса.
Градскиот советник за финансии Микеле Зуин изјави дека системот функционира подобро од очекуваното и дека овозможува полесно управување со туристичкиот притисок. Сепак, нагласи дека приходот не бил примарната цел.
Во тест-фазата во 2023 година, приходот изнесувал околу 2,4 милиони евра со 485.000 посетители, а тогашната такса беше симболични 5 евра. Оваа година, подолгата примена и повисоката цена значително ја зголемиле заработката.
Можеби ќе ве интересира: Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања
Средствата треба да бидат директно реинвестирани во градот – во подобра инфраструктура, одржување на чистотата и други услуги од кои корист имаат и жителите и туристите во Венеција. Сепак, сèопфатна анализа на ефектите од системот сè уште не е објавена, па останува прашањето дали ваквиот модел ќе се задржи и следната година.
И покрај заработката, многу експерти и граѓани истакнуваат дека ваквиот систем не го решава основниот проблем – прекумерниот број туристи. Стариот дел на Венеција има помалку од 50.000 жители, а годишно го посетуваат неколку милиони луѓе.
Цената на едно кафе на Плоштадот Свети Марко често е иста како и дневната такса за влез во градот, па многумина се прашуваат колку навистина ваквите мерки ги одвраќаат туристите.
Засега, градските власти порачуваат дека системот е успешен, но конечната одлука за негово продолжување сè уште се очекува, пишува b92.net