Љубопитниот сурфер, се приближил до него и сфатил дека не станува збор само за дрво што плови со плимата во морето, туку нешто е „закачено“ на него.
Сосема изненаден, тој контактирал со Тимот за спасување на диви животни, а двајца волонтери, Лиза и Лиз, набрзо пристигнале на неговата локација.
Ослободена од пластичен отпад
На местото на настанот пристигнал и брод на Цивилната заштита на Малта, и набрзо било откриено дека на крајот од стапот има очајна морска желка, заплеткана во пластика!
Волонтерите ја извлекле несреќната желка од водата, ја ослободиле од отпадот и ја прегледале, објавува The Dodo.
„За среќа, пластиката не била премногу тесна, па не ѝ ја прекинала циркулацијата“, рекол претставник на Тимот за спасување на диви животни.
Вратена во своето природно живеалиште
Желката имала површински рани, кои биле третирани, по што била пуштена назад во своето природно живеалиште.
„Важно е одговорно да го отстрануваме отпадот, а кога сме на море или плажа, секогаш да се осигуруваме дека не оставаме ништо зад себе“, апелираа заштитниците на природата.