Сју Лион, главната актерка во контроверзниот филм „Лолита“, почина на 28 декември 2019 година, на 73-годишна возраст. Улогата на Лолита и донесе голема слава на Сју, а една од причините зошто улогата ѝ припадна е тоа што на 12-годишно девојче не му било дозволено да ја добие улогата, иако ликот на Лолита во книгата на Владимир Набоков имал толку години. Иако некои работи од книгата беа променети, „Лолита“ сè уште е еден од најконтроверзните филмови на денешницата.
Инспирација во вистинска приказна?
Флоренс Сали Хорнер имала 11 години кога била киднапирана од педофил и држена во заробеништво речиси две години. Тоа било во 1948 година, а нејзината приказна најверојатно го инспирирала Набоков да го напише романот во 1955 година. Сали била убедена од нејзините школски другари да украде книга од продавница во Камден, Њу Џерси, САД.
Била фатена како краде од средовечен маж кој и рекол дека е агент на ФБИ. Тој човек бил Френк ла Сејл (50), осуден силувач.
Тој му рекол на девојчето дека е во голема неволја и и кажал секакви работи за да ја исплаши. Рекол дека ќе заврши во поправен дом ако одвреме-навреме не му се јавува, а девојчето му поверувало. Ја пуштил да си оди, но не долго. Сали имала среќа што „избегнала апсење“, па не и кажала на мајка си што се случило.
Три месеци подоцна, Сејл ја чекал Сали пред училиштето. Ја натерал да и каже на мајка и дека е татко на нејзините школски другари и дека ја носи со нив на одмор во куќа во Џерси. Во тој момент мајката не можела да знае дека го пушта детето со маж кој шест месеци претходно бил пуштен од затвор поради силување малолетничка.
Тврдел дека таа е негова ќерка.
Сејл го заробил девојчето, а потоа го носел низ целата земја. Ќе ја запишел некаде во училиште, тврдејќи дека е негова ќерка. Ова траело речиси две години додека соседот во Сан Хозе, Калифорнија, не забележал дека девојчето се однесува чудно.
Додека Сејл барал работа на 20 март 1950 година, девојчето успеало да побегне. Откако му кажала сè на соседот, мажот и го дал телефонот да и се јави на сестра и. Набрзо било известено и ФБИ, а Сејл бил уапсен, а девојчето проговорило за тортурата која ја трпела две години, како била заробена и силувана.
Во текот на судењето, педофилот тврдел дека е татко на девојчето, но било утврдено дека нејзиниот биолошки татко починал кога Сали имала шест години. Ле Сал бил осуден на 30 години затвор.
Две години откако избегала од канџите на педофилот, Сали загинала во страшна сообраќајна несреќа.
Дали Сали била инспирација за Набоков?
Во 2005 година, критичарот Александар Долинин сугерираше дека е можно Сели и Ла Сејл да биле инспирација за ликовите на Хамберт и Лолита.
Имено, во 1939 година, долго пред киднапирањето на Сели, Набоков го напишал романот „Волшебникот“, приказна за средовечен златар кој станува опседнат со 12-годишно девојче. Успеал да се ожени со тешко болната мајка на девојчето, а по нејзината смрт го добил и старателството над детето. Потоа ја однел девојката на летен одмор, а тие се пријавиле како татко и ќерка во запуштен провинциски хотел.
Тоа всушност била скицата за романот „Лолита“ и постои можност Сели тогаш делумно да била инспирација за Лолита. Во секој случај, Набоков бил запознаен со случајот бидејќи во поглавјето 33 од Лолита напишал: „Дали можеби и го направив на Доли она што Френк ле Сејл и го направи на Сали Хорнер?“.
Сели била заробена од осуден педофил две години, носејќи ја низ цела Америка тврдејќи дека се татко и ќерка.