Видео: Одмор во базенот на врв од зграда, во моментот кога удри земјотрес со сила на 334 бомби

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Одмор во базенот на врв од зграда, во моментот кога удри земјотрес со сила на 334 бомби

На социјалните мрежи се прошири снимка од моментот кога земјотрес со јачина 334 атомски бомби го погоди Мјанмар. Земјотресот бил почувствуван во голем број соседни земји, вклучувајќи го и Тајланд.

Надзорна камера снимила како изгледал ударот од земјотресот на покривот на луксузен хотел во Бангкок. На видеото се гледа како вљубена двојка на душек на надувување во базенот. Одеднаш удира земјотрес и во базенот се создаваат огромни бранови, а од облакодерите почнала да излева вода. Туристите експресно панично бегаат од базенот.

Во страотниот земјотрес досега загинаа повеќе од 1700 луѓе.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата