Циклонот Алфред се движи кон копно, милиони Австралијци остануваат во своите домови

8.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Циклонот Алфред се движи кон копно, милиони Австралијци остануваат во своите домови

„Ефектите веќе се чувствуваат, а тешките часови се уште претстојат. Неговото влијание ќе биде силно и ќе се интензивира во наредните часови и денови. Ќе донесе силен ветер, обилни врнежи, поплави и опасни услови низ југоисточниот дел на Квинсленд и североисточниот Нов Јужен Велс овој викенд и во наредните денови“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе на прес-конференција.

Илјадници луѓе беа евакуирани, а локалните медиуми објавија дека околу 250.000 луѓе останале без електрична енергија, бидејќи силните ветрови урнале далноводи. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата