Тројца загинати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства без струја

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца загинати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства без струја

Според сервисот PowerOutage најпогодена од бурата била сојузната држава Мичиген  каде без електрична енергија останале 248.200 домаќинства. Исто така, струја сè уште немаат десетици илјади домаќинства во  Висконсин, Индијана, Мисисипи и Луизијана.

Според „Си-Би-Ес њуз“, во бурата во Мичиген од дрво паднато врз автомобил настрадале шестмина, при што тројца од патниците биле повредени, а тројца загинале.

Во средината на март во торнада што ги зафатија државите Северна Каролина, Џорџија, Тенеси, Алабама, Мисисипи, Мисури, Охајо и Мичиген загинаа околу шеесетина лица. Истовремено, бура погоди и делови од Арканзас, Илиноис, Индијана, Кентаки, Мисисипи, Мисури и Тексас. Околу 300 илјади луѓе останаа без електрична енергија.  Се соопштуваше дека екстремното невреме е закана по животот на 138 милиони луѓе поради силниот ветер и интензивните песочни бури. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата