Трамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси

17.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси

Веста претходно ја соопшти претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а сега е официјално потврдено дека Трамп ќе биде меѓу гостите на завршницата на турнирот.

Неговото доаѓање се случува во момент кога сè уште се дискутира за една од најголемите контроверзии на ова Светско првенство – одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

Наводно, токму Трамп стапил во контакт со Инфантино и побарал да се преиспита црвениот картон на напаѓачот на САД, по што ФИФА ја суспендирала казната и му дозволила на Балогун да настапи на натпреварот од осминафиналето против Белгија.

Трамп претходно присуствуваше на најголемите спортски настани во САД, вклучувајќи ги „Супербоул“, финалето на НБА, тенискиот турнир „Ју-Ес Опен“ и „Рајдер купот“, а за време на својот мандат во Белата куќа бил и домаќин на настани на УФЦ.

Минатата година тој го додели трофејот за светски клупски шампион, во натпреварување што исто така се одржа во САД.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата