Толпа во Еквадор извлекле Британец од полициска станица и го запалиле

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Толпа во Еквадор извлекле Британец од полициска станица и го запалиле

Според медиумите од Еквадор, маж кој се уште не е официјално идентификуван, претходно бил приведен од полицијата под сомнение дека учествувал во смртоносното пукање, јавува Скај њуз.

Според извештајот на еквадорскиот портал Ecuavisa, Британецот бил одведен во полициска станица во Плајас дел Кујабено, зафрлено село во прашумите на Амазон. Додека бил таму, група луѓе насилно упаднале во станицата и го извадиле. Потоа го запалиле на улица и тој починал од изгорениците.

Полицијата не интервенирала поради страв за сопствената безбедност

Друг локален извор, EXTRA.ec, објави дека специјалните полициски единици пристигнале доцна поради отежнатиот пристап до областа, до која може да се стигне само по река. Според извештаите, кога толпата пристигнала, полициските службеници во станицата наводно оцениле дека не можат да интервенираат поради страв за сопствената безбедност.

Се вели дека британското Министерство за надворешни работи го следи случајот и работи со локалните власти за да ги потврди сите околности на настанот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата