Обилните дождови во последните денови предизвикаа излевање на реките, а луѓето ги зафати сериозна паника.
На некои луѓе им влезе вода во домовите во текот на ноќта, додека други беа зафатени во хаос на патиштата. Надлежните по секоја цена сакаат да ја избегнат катастрофата од октомври минатата година и веќе презедоа драстични мерки.
Министерствата за надворешни работи на некои земји ги предупредија своите граѓани да избегнуваат патување во Шпанија, особено во областите погодени од поплавите.
Многу патишта во Кастелон, Гранада и Валенсија се затворени откако во тие градови наврнаа повеќе од 200 литри вода на метар квадратен.
Училиштата се затворени, а поплавите оставија повеќе од 400.000 деца блокирани дома бидејќи немале начин да стигнат до училиште.
Најтешка е ситуацијата на Канарските Острови. Многу реки се излеаа и поплавија патишта.
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како поројот ги однесува автомобилите, а луѓето се борат да избегаат од водата додека ги носат своите миленици во раце.
„Тато, колата се лизна“, се слуша како млад човек му вели на својот татко додека се бори со поројниот дожд.
Човек од Гран Канарија стана херој кога ја спасил сосетката од автомобил кој пороен дожд со голема брзина го влечел во провалија.
"Ѝ реков да ја отвори вратата, но таа не можеше. Потоа успеав да ја отворам и таа излезе и се спаси", изјави локалниот херој за медиумите.
@gmanews WATCH: Heavy rains battered the Canary Islands in Spain on March 4, which led to heavy flooding in the streets of Telde, Gran Canaria. The archipelago was included in a nationwide rain alert issued by the Spanish meteorological agency, AEMET. The adverse weather is expected to persist throughout the week, raising concerns of further disruptions and prompting authorities to remain vigilant. Meanwhile, residents are advised follow weather updates and avoid unnecessary traveling. #GMAIntegratedNews ♬ original sound - GMA News
Нивото на тревога е зголемено во регионот на Валенсија, кој претрпе огромни штети поради катастрофалните поплави во октомври.
"Врнеше навистина силен дожд. Половина час подоцна водата почна да навлегува во куќите. Морав да фрлам песок. Луѓето се многу загрижени, мислам дека не сме подготвени повторно за вакво нешто", рекол еден жител на Валенсија.
Властите ги прекинаа сите јавни активности, изградени се насипи со вреќи со песок, а градоначалникот на град во близина на Валенсија почна да ги евакуира граѓаните кои се исплашени од зголемувањето на нивото на водата.