Оваа невообичаено отворена изјава доаѓа додека Украина се обидува да ги поправи врските со САД по состанокот во Белата куќа меѓу Володимир Зеленски и Доналд Трамп. Да потсетиме дека генералот Залужни беше сменет од функцијата шеф на украинската армија минатата година и многумина веруваат дека тој би можел да се кандидира против Зеленски на претседателските избори.
„Тоа не е само „оската на злото“ и Русија се обидува да го ревидира светскиот поредок, туку САД го уништуваат овој поредок“, нагласи Залужни, говорејќи на панелот во британскиот тинк-тенк „Чатам хаус“. Тој тврди дека американската влада го „подигнала под прашање“ единството на западниот свет.
„Сега Вашингтон се обидува да ги делегира безбедносните прашања во Европа“, предупреди тој.
Тој фрли сомнеж за иднината на воената алијанса на НАТО. „Можеме да кажеме дека во блиска иднина НАТО исто така би можел да престане да постои. Гледаме дека сега Белата куќа презема чекори кон Кремљ, обидувајќи се да ги исполни, па следната цел на Русија би можела да биде Европа“, нагласи тој.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да ги намали тензиите со администрацијата на Трамп. Тој призна дека минатонеделната средба со Трамп „не поминала како што требаше“ и нагласи дека Украина е подготвена да преговара за крај на конфликтот.