Оваа информација доаѓа додека американскиот државен секретар Марко Рубио го прескокнува клучниот состанок во Лондон посветен на ставање крај на војната.
„Во моментов има многу на маса, но едно е јасно – постои притисок од САД да се постигне договор во рок од првите 100 дена на Трамп“, рече претставникот.
Американскиот предлог за ставање крај на војната предвидува признавање на руската контрола врз Крим – нешто што украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно го отфрли.
„Тешко е да се замисли каков било договор каде што Крим не останува таму каде што е сега. Но, тоа очигледно е голем проблем за Зеленски“, додаде истиот функционер за Си-Ен-Ен.
Трамп денеска изјави дека Зеленски ја „продолжува војната“ со своите „запаливи изјави“ за Крим.
Во вторник се паѓа 100-тиот ден од вториот мандат на Трамп.