Русија сериозно ги разгледува американските предлози за ставање крај на војната во Украина, но сака Вашингтон да го земе предвид она што Москва го гледа како основни причини за конфликтот, изјави денеска висок руски дипломат за државните медиуми.
-Во моментов се прават обиди да се најде одредена шема што ќе ни овозможи прво да постигнеме прекин на непријателствата, како што размислуваат Американците, а потоа да преминеме на некои други модели и шеми, во кои, колку што можеме да процениме, нема место за нашето главно барање денес, имено, решавање на проблемите поврзани со основните причини за овој конфликт. Тоа отсуствува целосно и ние треба да го решиме ова, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за списанието „Интернешенел лајф“.
„Моделите и решенијата понудени од Американците ги сфаќаме многу сериозно, но исто така не можеме да ги прифатиме во нивната сегашна форма. Имаме длабоко и темелно обмислен збир на сопствени приоритети и пристапи на темата, кои се разработуваат, вклучително и од нашиот преговарачки тим, за време на неодамнешните преговори со Американците во Ријад, додаде дипломатот.