Почина патник на пат кон Дубаи- авионот е пренасочен и слетал во Атина

12.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина патник на пат кон Дубаи- авионот е пренасочен и слетал во Атина

Авионот Боинг 777-300ER, бил јужно од Крит кога екипажот донел одлука да побара пренасочување и слетување на најблискиот соодветен аеродром. Авионот превезувал патници и членови на екипажот на редовен интерконтинентален лет од Њујорк (аеродром Њуарк) до Дубаи.

Авионот слетал во Атина во 14:30 часот по локално време (UTC+3), каде што надлежните служби за итни случаи презеле натамошни активности. Набргу по слетувањето било потврдено дека патникот, кој бил лекуван за време на летот, за жал починал.

По застанувањето на аеродромот во Атина, летот продолжил за Дубаи во 16:20 часот и пристигна на својата дестинација со вкупно задоцнување од околу три и пол часа.

Јунајтед ерлајнс не излегле со официјално соопштение за овој настан.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата