Спречен обид за шверц на мравки- четворица уапсени со ретки мравки, секоја вреди по 200 евра

15.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спречен обид за шверц на мравки- четворица уапсени со ретки мравки, секоја вреди по 200 евра

Кениската служба за диви животни (KWS) потврди дека запленетите предмети, меѓу другото, вклучувале и џиновски африкански мравки-жетвари, кои некои трговци во Велика Британија ги ценат до 170 фунти (околу 200 евра) секоја, пренесе Би-Би-Си.

Скриени во епрувети

„Осомничените ги сокриле мравките во специјални епрувети и шприцови во кои инсектите можат да преживеат до два месеци“, се вели во соопштението на KWS.

Службеникот додава дека шверцерите ги „замаглеле“ епруветите во обид да ги заобиколат безбедносните проверки.

Се верува дека инсектите биле наменети за „егзотичните пазари за домашни миленици“ во Европа и Азија.

Официјалните лица велат дека побарувачката за ретки видови инсекти расте. Луѓето ги чуваат во посебни простори, познати како формикариуми и ги гледаат како ги градат своите колонии.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата