Истрагата неодамна завршила, а документацијата е проследена до обвинителството со предлог за поднесување обвинителен акт.
Сè започнало на 27 февруари 2024 година, кога 41-годишен син пријавил дека неговиот татко исчезнал од 18-тиот округ во Будимпешта, наведувајќи дека никој не го видел или слушнал со недели. Меѓутоа, како што напредувала истрагата, околностите на исчезнувањето станале сè посомнителни за полицијата. Полициската управа во Будимпешта на 2 април покренала истрага поради сомневање за убиство, пренесува Блик.
Четири дена подоцна, синот кој го пријавил за исчезнат е приведен поради сомнение за убиство. Набрзо била приведена и неговата тогашна 49-годишна сопруга, под сомнение дека учествувала во злосторството како соучесник.
Истрагата открила дека парот бил во тешка финансиска ситуација и дека убиството го планирале заедно за да го преземат имотот на убиениот. Убиството е извршено на 30 јануари 2024 година во домот на жртвата. Синот го убил татко си, го распарчил телото и ги сокрил доказите, додека сопругата му помогнала да го исчисти станот по злосторството.
По убиството, сопружниците се вселиле во куќата на жртвата и почнале да продаваат накит, уметнички предмети и друг вреден имот. Во продажбата им помогнал 28-годишниот син на жената од претходната врска, кој бил запознаен со делото. Полицијата го испрашала поради сомнение за перење пари, како и уште едно лице кое купувало од предметите под пазарната вредност.
Полицијата во Будимпешта ја завршиле истрагата за убиство со умисла извршено за себична корист, како и за поврзани злосторства. Случајот е предаден на обвинителството. Телото на жртвата се уште не е пронајдено.