Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата

Говорејќи на аудиенција по повод собирот на агенциите за помош на ориенталните цркви, папата ја осуди, како што наведе „лажната пропаганда за повторно вооружување“, нагласувајќи дека милитаризацијата не носи мир.

„Сè помалку има свест за тоа колку пари завршуваат кај „трговците со смрт“, додека со нив може да бидат изградени и зачувани здравствените и образовните системи“, рече папата, додавајќи дека е вознемирувачки што меѓународното и хуманитарното право го губат значењето, додека интересот се оправдува со сила.

Според него, тоа е „недостојно за човек и срамно за човештвото“ и неговите лидерите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата