Обилните дождови ги парализираа патиштата, додека неверојатно силните ветрови соборија дрвја и далноводи, а локалното население се држи за главите додека ги гледа своите згради, кои беа уништени кога почна да паѓа градот.
Жителите на централна Франција од утрово ги проверуваат своите покриви, кои се „прободени“ од градот што падна.
„Градот беше со големина на тениско топче, погледнете го покривот“, вели една земјоделка додека покажува на BFMTV како изгледа нејзината куќа по синоќешната страшна бура.
Потсетете се дека две лица загинаа во невремето. Едно момче (12) загина кога две дрвја паднале врз него додека бил на брегот на река со своите три сестри. Втората жртва е идентификувана како 59-годишен мотоциклист, кој бил на патот кога бурата започна.
Orages: "La grêle a abîmé tout le toit du hangar", témoigne cette éleveuse de chèvres du Puy-de-Dôme pic.twitter.com/3Oe1Rjgn2w
— BFMTV (@BFMTV) June 26, 2025
Најмалку 17 лица се повредени во бурата, некои сериозно. Француските медиуми објавија дека повеќе од 86.000 домови низ целата земја сè уште се без струја, додека повеќе од 39.000 удари од гром биле регистрирани над Франција и Белгија до полноќ синоќа.
Сите паркови во Париз останаа затворени за јавноста утрово додека властите ја проценуваат штетата и проверуваат дали парковите се безбедни за граѓаните.
И француската престолнина беше погодена од силната бура, при што улиците се претворија во реки поради невидени поројни дождови.