Отишол во Турција на пресадување коса, па починал по петчасовната операција- од клиниката молк

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отишол во Турција на пресадување коса, па починал по петчасовната операција- од клиниката молк

Тој бил подложен на операција во приватната клиника CINIC во Истанбул, која во последниве години стана популарна дестинација за пластична хирургија, објави Мирор.

Според извештаите, му се слошило по петчасовната операција за пресадување коса. Итно бил префрлен во блиската болница каде што веднаш бил примен на одделението за интензивна нега.

И покрај медицинските напори, набргу потоа бил прогласен за мртов.

Неговото тело било однесено во Институтот за судска медицина за обдукција.Потоа телото ќе биде однесено со авион од Турција во Велика Британија, родната земја на починатиот пациент.

Британските медиуми контактирале со приватната болница за коментар, но сè уште не добиле одговор.

Причината за смртта на мажот и компликациите ќе бидат познати откако ќе бидат објавени резултатите од обдукцијата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата