Најмалку тројца загинати во украинските напади со дронови на Русија, еднен загинат во руски напад на Херсон

2.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку тројца загинати во украинските напади со дронови на Русија, еднен загинат во руски напад на Херсон

Нападите со дронови се случиле во регионите Ростов и Пенза, како и во Самара, која е далеку од линијата на фронтот.

Руската војска соопшти дека преку ноќ пресретнала 112 украински дронови.

Во Украина едно лице загина, а две други се повредени во руско гранатирање утрово на градот Херсон, објави Воената администрација на Херсон на Телеграм.

Шефот на локалната Воена администрација, Александар Прудкин, изјави дека рускиот напад бил насочен кон важни инфраструктурни објекти, како и станбени области. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата