Нетанјаху: Израел го прифати, но Хамас го одби планот на Виткоф за примирје во Појасот Газа

3.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху: Израел го прифати, но Хамас го одби планот на Виткоф за примирје во Појасот Газа

- Според планот на Виткоф, половината од заложниците би биле ослободени веднаш, а другата половина би била ослободена кога ќе се постигне договор за траен прекин на огнот, посочи Нетанјаху.

Според него досегашните позиции на Хамас, кој го одби планот, се неприфатливи.

Нетанјаху истакна дека Израел вчера го блокирал влезот на помошта во Појасот Газа бидејќи Хамас наводно ја крадел помошта и ја користел за финансирање на „терористички“ планови.

Тој повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп е „најголемиот пријател што Израел некогаш го имал во Белата куќа“, кој извршил притисок за ослободување на заложниците.

Израел се согласи со планот на Виткоф за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на периодот на Рамазан и Пасха, според кој Израел би можел да продолжи со борбите по 42 дена.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата