Автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Мајнхајм, најмалку едно лице загина

3.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Мајнхајм, најмалку едно лице загина

Најмалку едно лице загинало, јави ДВ, повикувајќи се на локални медиуми.

Билд пишува дека црн теренец влетал „од парадата кон водената кула во толпата луѓе“. Се претпоставува дека има неколку тешко повредени лица, а итната помош е на терен. 

Локалната полиција соопшти дека е во тек полициска операција во центарот на градот, но не даде повеќе детали.

Засега нема информации за можниот сторител или за позадината на инцидентот. Најмалку едно лице загинало, јави ДВ, повикувајќи се на локалните медиуми.

Инцидентот се случи во време кога луѓето се собираат во градовите низ Германија на карневалски паради.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата